Најмалку 30 рудари денеска загинаа во авганистанската провинција Бадакшан, по лизгање на земјиштето, соопшти полицискиот командир на провинцијата Санаулах Рохани.

Тој рече дека седуммина рудари кои се наоѓале во рудникот во моментот на несреќата се повредени.

Провинцијата Бадакшан се наоѓа во областа Кохистан, каде што лизгањето на земјиштето е честа појава во планинските предели на Авганистан.