Брод што превезувал мигранти потонал во близина на брегот на Тунис, шти што најмалку триесет патници се удавиле. Бродот се превртел во близина на пристаништето Сфакс, објави Националната гарда на Тунис.

Во вторникот, 22 тела испливале на брегот, меѓу кои има 19 жени и две деца, додека останатите тела биле пронајдени како лебдат во водата откако потонал бродот, пренесува АП.

Повеќето од жртвите се од Брегот на Слоновата Коска, освен капетанот кој е туниски државјанин. Според некои извештаи, на бродот имало 53 мигранти, но сите тела сè уште не се пронајдени.

Агенцијата за бегалци на ООН соопшти дека во првите четири месеци од годинава, бројот на обиди на мигрантите да стигнат до италијанскиот брег е за 150 проценти поголем во однос на минатогодишниот просек.