Најмалку 30 лица се пријавени како исчезнати откако се запали ферибот во близина на островот Јава во Индонезија.

Во моментот на несреќата, на траектот имало 277 лица, од кои околу 245 биле спасени со чамци и бродови, изјави водачот на локалниот тим за спасување, пренесува АП.

Официјален претставник на пристаништето изјави дека пожарот избувнал на траектот околу 11 часа по напуштањето на Сурабаја и се упатил кон градот Баликпапан. Причината за пожарот не е позната.