Најмалку 27 ракети и проектили денеска биле истрелани од Појасот Газа кон јужен Израел, но нема информации за жртви или причинета материјална штета.

Светските медиуми јавија дека денешниот напад е еден од најмасовните од 2014 година, односно од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, кое ја контролира крајбрежната област.

Повеќето од ракетите и проектилите биле соборени од израелскиот систем за противракетна одбрана „Железна купола“, соопшти израелската армија.

Една ракета сепак експлодирала во двор на градинка, информира портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Емануел Нахшон.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху свика состанок со министрите одговорни за безбедноста.