Најмалку 22 деца се удавија во Судан откако потона бродот што преку реката Нил ги превезувал на училиште.

Починала и една жена откако пловилото потонало на околу 750 километри од главниот град Картум. На бродот имало повеќе од 40 деца.

Несреќата се случила поради дефект на моторот предизвикан од поројните дождови, како и од силниот ветер. Силите на цивилната одбрана го пребаруваат Нил во обид да пронајдат тела.

Сведок за АФП раскажа дека видел како бродот се обидува да плови спротивно на струјата.

Суданските власти наредија затворање на сите училишта во Картум поради обилните дождови и силните ветришта кои уништија стотина домови. Речиси 40 луѓе загинаа минатиот викенд поради поројните дождови.