Најмалку 20 лица загинаа, а уште десетина се наоѓаат под остатоците од надвозникот во близината на Џенова, кој вчера се урна од засега непознати причини. Во несреќата се урнале околу 200 метри од надвозникот, при што паднале најмалку десет автомобили. Италијанската новинска агенција АНСА јави дека властите се сомневаат дека причина за несреќата е недоволната стабилност на конструкцијата на стометарскиот надвозник, кој бил изграден во 1960-тите, а реконструиран во 2016 година.