Најмалку 17 лица загинаа и 12 се повредени во пожар во клиника за рехабилитација на наркозависници во Еквадор.

Пожарот избувнал откако пациенти запалиле душеци во обид да избегаат од клиниката која немала лиценца за лекување зависници, соопшти полицијата.

Покрената е потера по сопствениците и раководството на клиниката.