Најмалку 17 авганистански војници загинаа на западот на Авганистан во напад за кој одговорноста ја презедоа талибаните, неколку часа пред прифаќањето на примирјето од страна на бунтовниците, јави АФП.

Во нападот врз воената база во петок вечер загинаа 17 припадници на безбедносните сили, а повеќе десетици се ранети.

Загинати има и меѓу талибаните, но не се споменува бројка.