Најмалку 14 лица загинаа во судир помеѓу камион и автобус што превезувал јуниорски хокеарски тим, вчера во близина на Тиздејл, во канадската провинција Саскачеван, пренесуваат светските медиуми.

Преостанатите 14 лица кои се наоѓале во автобусот се хоспитализирани, а три од нив се во критична состојба. 

Станува збор за тимот на Хамболт бронкос за кој настапуваат хокеари до 20 години, кој патувал на плејоф меч во Нипавин.

Канадските медиуми ја опишаа несреќата како „еден од најтемните денови во историјата на Саскачеван“.