Најмалку 13 лица загинаа, а 20 се повредени во судир на автобус и камион во Словачка, пренесува „АП“.

Несреќата се случила во близина на градот Нитра, 100 километри источно од Братислава, соопшти полицијата.

Пожарникарите соопштија дека е можно да се зголеми бројот на жртвите.