Тринаесет лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови во јужниот дел на Франција, објавија локалните власти во понеделник.

Количината на дожд која обично врне за три месеца, наврна за неколку часа во најтешко погодените подрачја, соопштија од француското Министерство за внатрешни работи.

Покрај загинатите, во поплавите осум луѓе се потешко повредени.