Во близина на градот Зигбург, југозападна Германија денеска се запали трева покрај пругата, по што пожарот брзо се рашири до блиската станбена зона, при што 12 лица се повредени.

Околу 300 пожарникари се справуваат со огнот. 

Властите претходно соопштија дека причина за пожарот најверојатно е искра од возот во движење. Но, подоцна објавија дека се уште се утврдува причината за пожарот.

Во пожарот оштетени се осум куќи, а возовите што сообраќаат помеѓу Келн и Франкфурт мораа да ја сменат трасата.