Најмалку 10 лица, меѓу кои и тригодишно дете, загинаа во свлечиште во близина на Рио де Женеиро, а 11 луѓе се повредени, соопштија локалните власти.

Шефот на одделот за цивилна одбрана на Рио, Роберто Робадеј изјави дека лизгањето на земјиштето во Нитерој се случило после обилни врнежи дожд и оти се затрупани шест куќи.

Според локалните жители, под натрупаната земја најверојатно има уште луѓе.