Авганистанските безбедносни сили се спротивставиле на група напаѓачи кои нападнале владини објекти. При нападот, загинаа најмалку шест лица, а околу 30 се повредени.

– На почетокот на нападот одекнаа три експлозии во објект во кој се сместени владините канцеларии за градежништво и финансии – посочи портпаролот на провинцијата Нангархар, Атахулах Кхогјани.

Повредените лица се хоспитализирани, но од локалната болница наведоа дека претпоставуваат оти бројот на жртви ќе се зголеми бидејќи престрелката се уште трае.