Вооружени мажи ја нападнаа денеска централата на Националната нафтена компанија (НОС) во либискиот главен град Триполи каде се регистрирани експлозија и истрели, јавија западни медиуми.

Во нападот загинале најмалку шест луѓе. Централата ја нападнала група во која имало и самоубијци. Тројца активирале експлозиви што ги носеле на себе, а останатите упаднале во зградата и зеле заложници.

Во зградата избувна пожар кој пожарникари успеале да го локализираат. Се уште трае полициската потрага по напаѓачите кои се забарикадирани во објектот.