Најмалку четири мажи се убиени, а една жена е тешко повредена, откако осомничениот, член на моторџиска банда, отворил оган и пукал во хотел, во предградие на градот Дарвин.

Пукањето се случило во доцните попладневни часови по локално време, јави австралиската државна телевизија „Еј-би-си“.

Полицијата соопшти, дека осомничениот е на возраст од 45 години и е уапсен по пукањето.