Најмалку три лица загинаа денеска во оружен напад во центарот на главниот град на Етиопија, Адис Абеба.

Според очевидци, меѓу загинатите е и едно лице во засега неидентификувана униформа. Тие тврдат дека патиштата во дистриктот Боле се блокирани.

Властите во Етиопија сė уште не соопштиле никаква информација во врска со инцидентот.