Најмалку три лица настрадаа, а над 200 други се повредени во силниот земјотрес што вчераутро го погоди јапонскиот град Осака. Меѓу жртвите е и едно деветгодишно девојче, врз кое се урнал ѕид од училишна зграда. Властите велат дека не е издадена тревога за цунами, додека нуклеарните централи работат нормално. Епицентарот на потресот од 6,1 степен е регистриран северно од Осака, а ова е најсилен земјотрес што го погодил тој дел на Јапонија во изминатите 95 години.