Најмалку стотина луѓе, меѓу кои и многу деца, загинаа или се повредени при бомбардирање на исламско училиште на североистокот на Авганистан, соопштуваат безбедносни извори.

Ден по нападот на авганистанското воено воздухопловство, два неименувани безбедносни извора соопштија денеска дека има 59 мртви, повеќето осумгодишни деца, како и 17 талибани, а 57 луѓе биле повредени.

Нападот се случи околу пладне за време на свеченост при доделување на дипломи по повод крајот на школската година. Подрачјето во кое се наоѓа училиштето во поголем дел е под контрола на талибаните.