Шестмина ученици и возачот загинаа вчера во северниот дел на Индија кога училишен автобус излетал од патот и паднал во клисура, соопшти полицијата.

Во инцидентот се повредени 12 ученици кои се префрлени во болница.

Несреќата се случила на планински пат во индиската држава Химачал Прадеш.

Причината за несреќата се уште не е позната.