Најмалку пет лица загинаа во пожар во стан на најгорен кат во станбена зграда во југозападна Германија, соопшти локалната полиција.

Пожарот избувнал во зграда во Ламбрехт, синоќа околу 22 часот и 30 минути по локално време.

Причината за пожарот не е утврдена, стои во заедничко соопштение на регионалната полиција и државниот обвинител.