Бројот на жртвите во пукотниците во Вест Џеферсон, предградие на Колумбос, Охајо, се искачи на пет лица, јавија локалните медиуми.

Локалните телевизии наведуваат дека во зградата се пронајдени тела на три убиени лица но дека има повеќе тела надвор од зградата и дека точниот број на жртви не е потврден. Телевизиите се повикуваат на изјавите на шефот на полицијата на Западен Џеферсон.

Засега нема прецизни информации за бројот на жртвите пренесуваат медиумите но според претходната изјава на полицискиот портпарол пукањето се случило во „слепа улица“, па затоа тој верува дека станува збор за убиство со цел.

Медиумите додаваат дека пукањето се случило во куќа во Западен Џеферсон, а минувачите ја известиле полицијата, чии службеници го обезбедиле местото на инцидентот и започнале да бараат осомничени и докази.

Полицијата во Западен Џеферсон претходно соопшти дека во пукањето загинале најмалку три лица.