Најмалку пет лица се повредени во земјотресот што синоќа ја погоди Сицилија, јавуваат италијанските медиуми.

Според истите извори, земјотресот бил со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала, а епицентарот на потресот се наоѓал 170 километри источно од градот Палермо, на длабочина од два километра под површина на земјата.

Никој од повредените не е во животна опасност, а неколку куќи биле разурнати.

Оштетен е и дел од асфалтот по улиците.