Најмалку девет луѓе загинаа во пожар што од четвртокот беснее во северна Калифорнија, додека на југ, познатото летовалиште Малибу е загрозено од друг пожар што брзо се шири.

– Моја тажна задача е да потврдам дека досега имаме девет загинати, изјави Кори Хонеи шериф на округот Бат.

Многу познати личности, меѓу кои има актери, пејачи, режисери се евакуирани од своите домови поради пожарот во Калифорнија.

Позната Ким Кардашијан, актерката Алиса Милано, режисерот Гилирмо дел Торо, се само дел од познатите кои мораа да ги напуштат своите домови.

Полицијата пронашла синоќа пет жртви во градот Парадајз северно од главниот град Сакраменто, каде 26.000 жители добија наредба за итна евакуација.

Тројца загинати се пронајдени вчера вон една куќа и уште една во куќа. Десетици се сметаат за исчезнати.

Шестотини километри појужно близу Лос Анџелес, градот Малибу е во состојба на тревога поради силен пожар што изби претходниот ден на 20-на километри северно. Неколку познати личности кои живета таму мораа да бидат евакуирани, меѓу нив и Ким Кардашијан, Алис Милано и мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо. Вкупно повеќе од 150.000 луѓе мораа да бидат евакуирани во Калифорнија.