Две ракети истрелани од Појасот Газа денеска го погодија градот Сдерот, јужен Израел, при што се повредени две лица, соопшти брзата помош.

Израелските телевизии објавија снимки од разурната куќа и автомобили во Сдерот, кој се наоѓа во близина на палестинската енклава, која е под контрола на исламистичкото движење Хамас.

Израелската армија и полиција соопшти дека уште осум ракети биле истрелани од Појасот Газа. Две од ракетите биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана „Железна купола“.