Оваа недела се случи едно од најголемите предавства во историјата на мафијата. Според британски „Гардијан“, на отвореното судење на наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман во Њујорк, синот на неговиот партнер Исмаел „Ел Мајо“ Замбада Гарсија се свртел против својот шеф, но и против својот татко.

Се смета дека во круговите на картелот Синалоа, еден од наследниците на раководните функции е токму Винсенте Замбада Ниебла или „Ел Винсентиљо“, кој сега отворено сведочеше против својот татко и неговиот партнер и во интерес на обивинителството.

Замбада Ниебла или „Ел Винсетиљо“ е поранешен менаџер на операциите на картелот на „Ел Чапо“, човек кој оддржувал контакт со политичари и бизнисмени, но и човек кој ја надгледувал дистрибуцијата на дрогата на оваа криминална организација. Тој во судот во Њујорк сведочеше дека уште од тинејџерските денови посетувал состаноци со неговиот татко и учествувал во планирањето на работата на картелот.

За разлика од претходните сведоци кои не зборуваа многу, „Ел Винсетиљо“ детално сведочи за својот авторитет, но и овбрските кои ги имал и ги извршувал за картелот. Тој го следел увозот на кокаинот од Колумбија во Мексико и потоа неговото извезување во Лос Анџелес и Чикаго, од каде што ја водел криминалната операција.

Исто така, во своето сведоштво, Винсенте Замбада Ниебла детално опиша како се состанувал со високи претставници на нафтена компанија од Мексико за да организира транспорт на скоро 100 илјади килограми кокаин во САД, преку транспортната мрежа на компанијата. „Ел Винсентиљо“ дополнително посочи и кон високи офицери во мексиканската војска како соработници на картелот.

Токму „Ел Винсетиљо“ се смета за најважен сведок на обвинителството во собирањето на информациите за картелот и обвинението за „Ел Чапо“ и неговите соработници.

Се верува дека „Ел Чапо“ и „Ел Мајо“ ги уште од претходно имаат нарушени односи и дека толкму затоа неговиот син сведочи против него за да го преземат раководството со картелот. Поддржувачите на оваа теорија веруваат дека со ова сведоштво против “Ел Чапо“, Замбада планира да извлече намалени казни за сите обвинети од семејството.