Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги потврди стравувањата дека ширењето на епидемијата на коронавирус ќе ја загрози глобалната економија, пишува Блумберг.

Тоа е најголемата загуба за најбогатите жители на планетата кои се наоѓаат на листата на најбогати на „Блумберг“ од октомври 2016 година, кога за првпат било спроведено такво истражување.

Бернард Арнаулт, трет најбогат човек во светот и генарален директор на производителот на луксузни производи LMVH, загубил 4,8 милијарди долари, исто како и директор на „Амазон“, Џеф Безос.

Сопственикот на „Зара“, Аманцио Ортега, изгубил четири милијарди, а основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, останал без 3,48 милијарди долари. Сметката на останатите милијардери од листата на десет најбогати е за 2,3 милијарди помала од пред загубата.

Кина, од каде потекнува коронавирусот, сочинува 40% од светскиот пазар на луксузни производи. Падот на пазарот особено ги погоди акциите на агенциите коишто организираат крстарења.