Семејството и пријателите не се откажуваат од потрагата по исчезнатата актерка од Скопје, за што доказ претставуваат и плакати со нејзиниот лик во порачјето на авенијата „Вилкокс“ во Холивуд, Лос Анџелес, каде што беше забележана последен пат на 23 февруари.

Нејзиниот сосед Криси Њуман вели дека е тешко кога поминува покрај нејзините фотографии.

– Целата ситуација е тажна и ме прогонува. Адеа имаше силна енергија. Таа беше прекрасна. Ќе ја видев во лифт, или во просторијата за перење алишта и ќе ми дадеше совети за перењето на облеката. Таа беше пријатна девојка – вели Њуман.

Потрагата за Шабани се засили по самоубиството на Кристофер Споц (33) за кој се верува дека бил во врска актерката, во текот на потерата на полицијата по него, во Калифорнија во четвртокот.

– Не можам да потврдам никакви информации во моментов. Ова е отворена истрага – истакна Џејден Брант, приватен детектив што го ангажираше семејството на Шабани, кое понуди и награда од 25 илјади долари за информации поврзани со случајот.

Полицијата уште ја води истрагата како случај за исчезнато лице.

Адеа последен пат била во Македонија, два месеци пред нејзиното исчезнување, според нејзините пријатели.