Под мотото „Никој не е над законот“ американски активисти за денеска најавија стотици протести ширум земјата, со барање претседателот Доналд Трамп да не ја опструира истрагата за руското мешање во американските претседателски избори 2016.

Организаторите на протестите, предводени од активистичката група „МувОн“ (MoveOn) ги повикаа граѓаните денеска во 17 часот да излезат на улиците и да изразат поддршка на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер. Според одредени проценки, ширум САД ќе се одржат над 900 протести.

Непосреден повод за протестите е вчерашната смена на државниот обвинител Џеф Сешнс со неговиот досегашен шеф на Кабиент Метју Витејкер. Сешнс оставката ја поднесе по барање на Трамп, кој му забележува поради тоа што се иззема од истрагата за руското мешање во изборите 2016 година