Постојаните претставници на државите членки на Алијансата денеска на првото заседание на Советот на НАТО-Русија во 2018 година, ги запознаа своите руски колеги со детали за претстојната воена вежба на Пактот со учество на 40 000 војници.

Предвременото информирање на руската страна има за цел намалување на несогласувањата меѓу НАТО и Русија, како и анулирање на ризикот за неповолни воени ситуации во момент на геополитичката тензија меѓу Москва и Западот.

– Дијалогот меѓу НАТО и Русија придонесува за предвидливи односи и поголема взаемна безбедност, се вели во соопштението на Алијансата.

Претставниците спроведоа „отворена размена на мислења” на разни теми, вклучувајќи ја ситуацијата во Украина

Претстојните маневри на НАТО наречени „Трајдент џанктер“ ќе вклучат вежби во Норвешка во октомври, како и обука за команден персонал, што ќе биде спроведена главно во Неапол. на маневрите ќ е учествуваат 70 бродови и 130 авиони и хеликоптери.