Лидерите на НАТО ја потенцираа „непоколебливата посветеност“ на договорените цели за издвојување за одбраната и изразија загриженост поради, како што наведуваат, заканите што ги претставува Русија, Иран и Северна Кореја.

– Посветени сме на подобар баланс, кога станува збор за поделба на трошоците и одговорностите на членството во Алијансата- се посочува во соопштението од Самитот на НАТО во Брисел.

Сојузниците во НАТО изразија загриженост поради неодамнешните активности на Русија, истакнувајќи дека со тоа се намалува стабилноста и безбедноста, како и дека земјите членки се солидарни со проценката на Велика Британија дека Москва е виновна за нападот со нервен гас во Солсбери.

Земјите членки на НАТО денеска се согласија и да упатат покана Македонија да почне преговори за членство во Алијансата.