Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за „Економист“ рече дека НАТО е пред умирање, предупредувајќи ги европските земји оти веќе не можат да се потпираат на САД да ги бранат своите сојузници.

Макрон рече дека силата на НАТО се намалува, бидејќи САД им вртат грб на сојузниците.

– Она што во моментот го доживуваме е мозочна смрт на НАТО. Европа е на работ на бездна – рече Макрон во интервјуто.