Воената алијанса испливува во нови безбедносни води

Со проширувањето на надлежностите на основачкиот член 5 од договорот на НАТО, во иднина се овозможува сојузниците од Алијансата да војуваат во вселената и да спроведуваат безбедносни операции за заштита на сателитите

Најмоќната воено-политичка алијанса, од која и Македонија е дел, во годините што следуваат ги проширува своето дејствување и во вселената. Овие и слични новини што се однесуваат на дејствувањето на воениот сојуз во иднина беа до-несени на најновиот самит на НАТО, кој се одржа во Брисел. Во своја анализа на оваа тема, американската телевизија Ен-би-си информира дека за оваа наме-на ќе се прошири членот 5 од договорот за основање на НАТО и ќе им овозмо-жува на сојузничките борбено да дејствуваат и на напади во вселената.
– Со проширување на примената на клаузулата за колективна одговорност, од-носно членот 5 од основачкиот договор на НАТО под правилото „сите за еден, еден за сите“, ќе се овозможи членките на Алијансата да бидат подготвени да одговорат на вселенски напади – изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Според него, членот 5 од основачкиот договор на НАТО вели дека напад врз кој било од 30-те сојузници ќе се смета за напад врз сите држави-членки, а досега тоа се применуваше само на повеќе традиционални воени напади на копно, море или во воздух, а неодамна и во сајбер-просторот.

Во своето излагање на оваа тема, Столтенберг напомена дека на овој самит ќе се стави до знаење дека секој напад врз вселенските капацитети, како што се са-телити и слично, или напад од вселената, може да го активира членот 5 на Али-јансата. Во прилогот на оваа тема, американската телевизија потсети дека во моментов во вселената околу нашата планета кружат речиси 2.000 сателити, а со повеќе од половината управуваат членките на НАТО.

Овие сателити се користат од државите за различна употреба и тие опфаќаат активности поврзани со мобилната телефонија и комуникации, трансфер на по-датоци за банкарски услуги, па дури и за спроведување на временските прогно-зи. Според Ен-би-си, воените команданти на армиите ги користат специјализи-раните сателити за навигација, комуникација и размена на разузнавачки инфор-мации.
– Во декември 2019 година, лидерите на НАТО го прогласија вселенскиот про-стор за петти домен на операциите на Алијансата, по копното, морето, воздухот и сајбер-просторот. Многу земји-членки се загрижени за, како што велат, сè по-агресивното однесување на Кина и Русија во вселената. Околу 80 земји имаат сателити, а на тоа поле се појавуваат сѐ повеќе приватни компании – информи-ра медиумот.

Телевизијата потсетува дека клаузулата за колективна одбрана на НАТО е акти-вирана само еднаш досега во историјата кога сојузот му објави војна на глобал-ниот тероризам веднаш по нападите на САД од 11 септември 2001 година.

Новинската агенција „Асошиејтед прес“, пак, на оваа тема информира дека око-лу 80 земји во светот поседуваат свои сателити, а некои од нив во вселената се во раце на приватни компании.
– Во осумдесеттите години од минатиот век, само дел од комуникациите на НАТО беа вршени преку сателит, а сето преостанато на традиционален начин. Денес состојбите се променети бидејќи околу 40 проценти од комуникациите Алијансата ги врши во вселената – информира АП.

Агенцијата посетува дека овој самит ќе биде искористен од шефот на американ-ската држава да ги увери сојузниците дека Америка ќе го предводи НАТО во годините што следуваат дури и во вселената. Медиумот потсетува дека админи-страцијата на Бајден на оваа тема практично ги продолжува заложбите на прет-ходникот Доналд Трамп, под чија наредба беше променета американската ма-скирна воена униформа со логото на вселенската команда на САД, на раката.