Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот упати сериозни предупредувања до демонстрантите во Белорусија. Тој најави креирање специјална единица на резервисти по барање на авторитарниот белоруски лидер Александар Лукашенко.

Претседателот Владимир Путин во обраќањето на државната телевизија порача дека специјалните сили се подготвени да бидат распоредени и „ќе им се даде зелено светло само ако состојбата излезе од контрола“. Путин се воздржа во својата поддршка за борбата на Лукашенко за политички опстанок, која наиде на силни светски критики и можни нови западни санкции. Во телевизиското интервју ги истакна културните, јазичните и економските односи меѓу Белорусија и Русија, која откупила 90 отсто од белорускиот земјоделски извоз.