Денеска сондата „Персеверанс“ на американската вселенска агенција НАСА се подготвува за успешно слетување во кратерот Језеро на Марс. Оваа сонда на НАСА ќе биде петта по ред сонда што ќе ја допре Црвената Планета. Барање знаци на древен живот и собирање примероци од карпи, кои подоцна ќе бидат донесени на Земјата во текот на следната деценија, ќе бидат главни цели на мисијата на „Персеверанс“. Се очекува сондата да испрати сигнал од атмосферата на Марс во 21.48 часот по средноевропско време. Во орбитата на оваа планета овој месец пристигнаа дури три летала, и тоа на Обединетите Арапски Емирати, на Кина и сега на американската вселенска агенција НАСА.

На 18 февруари 2021 година (денеска), роверот на шест тркала наречен „Персеверенс“ се планира да се спушти во рамките на 45 километри широкиот кратер Језеро, местото на речната делта за која се смета дека настанела пред 3,5 милијарди години. Мисијата се очекува да трае најмалку една марсовска година, или 687 дена на Земјата. Беспилотното летало на соларна енергија, прицврстено за долната страна на роверот, ќе се ослободи пред да се пушти роверот на површината, со што ќе стане првиот објект направен од човекот што ќе лета на друга планета. Во идните мисии, ваков вид хеликоптер ќе може да ги води луѓето да го истражуваат Марс.
Мисијата „Марс 2020“ исто така ќе собира и ќе зачувува примероци за идно враќање на Земјата, веројатно до 2031 година.