Француски полицајци ликвидирале маж кој се обидел со нож да нападне луѓе во град во северна Франција, јави локалниот весник „Курие Пикар“.

Според весникот, екстремистот извикувал „Алах Акбар“ („Алах е голем“).

Минувачите кои го виделе побрзале да се скријат во своите домови. Потоа, напаѓачот почнал со ножот да удира по паркираните автомобили. Очевидци изјавиле дека напаѓачот бил „исклучително агресивен“ и „изгледал како човек под влијание на дрога“.

Полицијата неколку пати го погодила со електрошокови испукани од специјални пиштоли, поради што откажало срцето на напаѓачот. Полицајците не успеле да го спасат и тој починал на лице место.