Лондонската полиција трага по човек, за кој се верува дека ноќеска и утрово, со нож повредил четири лица во серија напади, кои не биле со ништо предизвикани.

Митрополитенската полициска служба соопшти дека две жртви се во критична состојба. Официјални лица предупредуваат дека полициските активности ќе се интензивираат во областа Едмонтон во северниот дел на Лондон, по четирите напади, кои се случија во рок од 15 часа во сабота и недела.

Полицијата вели дека нападите не се поврзани со тероризам. 
Главниот инспектор Стјуарт Смејли вели дека жртвите „очигледно се избрани по случаен избор”, бидејќи биле сами и ранливи.

Нападите се случија сред ескалација на кривични дела извршени со помош на ножеви во Британија. Властите објавија дека на некои полициски сили им се дадени поголеми овластувања со цел да се спречат идни напади.