Најмалку две лица се убиени, а петмина се ранети во канадскиот град Квебек, објави Би-би-си.

Полицијата ги советуваше граѓаните да останат дома, откако маж облечен во средновековна облека и вооружен со меч нападнал повеќе луѓе.
Напаѓачот на возраст од 20-тина години е уапсен и пренесен во болница, соопшти полицијата.
Нападот се случил во близина на Парламент хил, историски дел на Стар Квебек, а мотивот не е познат.

Во Квебек претежно се зборува француски јазик.