Пет лица загинаа, а 21 се повредени по пукање во Одеса во Тексас.

Вооружен напаѓач отворил оган од својот автомобил, по што бил убиен од страна на полицијата која го бркала на паркинг.

Како што наведе „АП“, повредени се и двајца полицајци кои се обиделе да го сопрат автомобилот во кој се наоѓал напаѓачот.

Полицијата не го објави идентитетот на мажот, ниту мотивите за пукањето, наведе агенцијата.