Осомничениот за масовното убиство изминатиот викенд во синагогата во Питсбург, при што беа убиени 11 лица, е обвинет по 44 точки, наместо по првичните 29, се наведува во обвинението објавено денеска.

Обвинението против Роберт Бауерс, осомничен за најсмртоносниот напад врз eвреи во американската историја, опфаќа обвинение за злосторство од омраза кон верници, за употреба на огнено оружје и за нанесување повреди на полицајци.

Обвинетиот утре треба да се појави на второ рочиште во Федералниот суд во Питсбург.

Бауерс (46) во саботата влезе во синагогата и почна да пука со извикување „сите Евреи мора да умрат“.