Мажот кој синоќа во центарот на Париз изврши напад со нож и при тоа уби едно лице, а повреди повеќемина, е роден во Чеченија во 1997 година.

Француските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори, јавија дека напаѓачот има француско државјанство.

Поради истрагата, родителите на напаѓачот се приведени.

По синоќешниот напад, француската полиција го уби напаѓачот.

Тој извикувал „Алах екбер“ (Бог е голем) додека го извршувал нападот.