Од нашата специјална известувачка од Брисел

Лорета Трајкоска

Белгиската јавност е згрозена и ужасната од најновата вест што дојде од Лиеж. Двајца агенти и еден минувач се застрелани утрово во Лиеж, а сторителот бил застрелан од полицијата. Засега ставот на власта е дека има основано сомнение за терористички напад.

Она што досега е познато е дека сторителот првин ги нападнал со нож полициските службеници, потоа на едниот насилно му го украл оружјето за на крајот и двајцата да ги застрела. Потоа тој се упатил кон најблиското училиште и таму држел заложник неколку минути, се додека не интервенирала полицијата и го застрелала и него. Претходно, во обид да се спаси, тој повредил уште двајца полицајци во ногата.

Станува збор за лицето Бенџамин Херман, роден 1982 година, којшто и е познат на полицијата по низа сторени кривични дела, но не и за тероризам. Тој отслужувал затворска казна, но денеска имал дозвола за излез до вечер.

Обвинителството вели дека, по разгледувањето на сите документи и првични анализи, можеби станува збор за терористички напад.

Безбедносните сили се се уште на местото на настанот. Учениците претрпеле страшен шок и во моментов им се дава психолошка поддршка со стручни лица. Директорот на училиштето изјавил дека учениците реагирале смирено како возрасни.

Нивото на опасност сега засега останува на второ ниво, а надлежните не соопштуваат дополнителни детали.