Германската полиција уапси маж кој денеска тешко рани едно, а полесно две лица во напад со нож во центарот на градот Равенсбург, на југот на Германија.

Тероризмот засега е исклучен, но мотивот за нападот се утврдува.

На местото на нападот случајно се затекнал градоначалникот Даниел Рап, кој го наговорил напаѓачот да се предаде.

– Стоеше пред мене со нож во раката, му реков да го фрли на земја. Ме послуша – рече Рап.

Набрзо стигна полицијата и го уапси напаѓачот.