Израелски војник и цивил се ранети денеска во источен Ерусалим, а напаѓачот oд Пакистан е убиен од страна на полицијата, која нападот го опиша како терористички.

Израелската Брза помош објави дека во нападот се повредени двајца мажи, на возраст од околу 20 години, а еден од нив се здобил со тешки повреди.

 

Инцидентот се случил во близина на населбата Шеик Џарах, каде претходно почнаа масовни протести поради најавеното иселување на палестинските семејства, а тој инцидент служеше и како причина да започнат 11-дневни борби меѓу Израел и Хамас во Газа.

Израелската армија соопшти дека еден од ранетите е израелски војник.

– Војникот доби медицинска помош на самото место и беше пренесен во болница за понатамошно лекување – се вели во соопштението на армијата.

Еден од двајцата избодени мажи носел униформа на израелските воздухопловни сили.