Вооружено лице изврши напад во синагога во Питсбург, Пенсилванија. „Си-Би-Си“ јави дека најмалку осум лица се убиени.

Телевизијата соопшти дека тројца полицајци се повредени при престрелка со напаѓачот, кој подоцна се предал.

Во синагогата за време на нападот имало многу лица.

Американските медиуми јавија дека веројатно бројот на жртви е поголем.