Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската сојузна држава Тенеси, објави Си-ен-ен.

Најмалку четири лица се тешко повредени, а напаѓачот, неофицијално пукал кон себе и починал.

Нападот се случил во маркет, објави портпаролката на локалната градска администрација, Џенифер Кејси.

Шефот на полицијата Дејл Лејн на прес-конференција рече дека вработените се криеле во фрижидери и канцеларии.

„Ова е најстрашниот настан што се случил во историјата на Колервил. Страшно е, ужасно е тоа што се случи“, додаде Лејн.

Затворено беше и блиското средно училиште.