Австралиската полиција смета дека нападот со нож во Мелбурн е терористички чин, изјави полицискиот комесар на државата Викторија, Грахам Ештон.

Напаѓачот, кого полицијата го застрела откако прободе три лица, од кои едното почина на лице место, им подлегнал на повредите во болница.

Инцидентот во Мелбурн почна откако полицијата била повикана поради запалено возило во улицата Берк.

По пристигнувањето на полицијата, напаѓачот почнал да замавнува со ножот кон нив, по што бил отворен оган и тој бил ранет.

Со возило на Итна помош и во придружба на полицајци, напаѓачот бил пренесен во болница, каде подоцна починал.