Мажот од Нов Зеланд кој во живо на Фејсбук ги емитуваше нападите на џамиите во Крајстчрч, беше осуден на затворска казна од 21 месец, пренесува Би-би-си.

Филип Арпс го испратил видеото на 30 луѓе и на негов пријател, барајќи видеото да се модифицира, за да се додаде алатка која ќе го покажува бројот на жртвите во моментот кога тие се убивани.

Во Окружниот суд на Крајстчрч, денеска, Арпс се изјазнил како виновен на двете обвинувања за дистрибуирање на вознемирувачки материјал за споделување на социјалните мрежи за време на нападот.

Судијата О’Дрискол ги осуди постапките на Арпс, нарекувајќи ги „злосторство од омраза“. Тој додал дека било премногу сурово од Арпс што го споделил видеото по нападот.

На 15 март, Брентон Тарант (28) влезе во џамијата Ал Нор околу 13.30 по локално време, за време на одржувањето попладневни муслимански молитви и отвори оган кон верниците. Напаѓачот потоа се возел седум минути до следната џамија во предградието Линвуд, каде што продолжи со масакрот. Во нападот загинаа 50 луѓе, а исто толку беа повредени.

Неколку часа по нападот снимката се уште можеше да се најде на Фејсбук, Твитер, Алфабетик, Јутјуб, како и на Инстаграм и Вацап, кои се во сопственост на компанијата „Фејсбук“. Компанијата „Фејсбук“ претходно најави рестрикции за користењето на алатката за снимањето во живо, по нападот на џамиите во Нов Зеланд.