Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија во Турција е нападнат додека присуствувал на погребот на војник, кој загинал во борбите против припадниците на забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

На видео снимки се гледа како Кемал Киличдароглу е удрен најмалку двапати додека обезбедувањето се обидува да го извлече од насобраниот народ.

Тој успеал да го напушти местото и да влезе во најблиската куќа, а бесни граѓани потоа се собрале пред куќата извикувајќи „Надвор ПКК“.

– Сите се исплашивме поради инцидентот. Кемал Киличдароглу е добро. Однесен е на безбедно – истакна републиканскиот пратеник Левент Гок.