Комисијата за европски прашања на Националното собрание почна интернет анкета  „Потребно ли е да ставиме крај на промената на времето (летно или зимско)“. Граѓаните ќе можат да одговараат до 3 март, но досега 84 проценти од 54.000 испитаници веќе се изјаснија против промена на зимско или летно сметање на времето.

Мнозинството од испитаниците се изјаснија за зимско сметање на времето. Слични се и резултатите од испитувањата на јавното мислење во другите земји членки на Еверопска Унија.  На европско ниво, меѓу 84 отсто кои се изјаснија да нема летно и зимско сметање на времето, додека 56 проценти сакаат да има само летно сметање, додека 36 проценти се изјасниле за зимското сметање на времто.

Зимско и летно сметање на времето е воведено во 1976 година и од самиот почеток е цел на критики. Во септември минатата година претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер предложи да се укине летното и зимско сметање на времето.